Carex Shipping е глобална транспортна компанија специјализирана за транспорт на габаритен и тежок товар како што се: бродови , јахти, камиони, автобуси, куќи на тркала, приколки, траилери, камионски приколки за живеење, трактори, комбајни, кранови, ровокопачи и други видови индустриски, градежни и земјоделски машини од Соединетите Американски Држави (САД) до сите светски дестинации. Нашето големо знаење и искуство во меѓународниот транспорт и превоз на специфичен товар ни овозможува да Ви понудиме широк дијапазон на услуги по пристапни цени. Во основа секогаш кога превезуваме било каков товар на тркала, ако е моторизиран, или е со поголем габарит постојат 2 можности: Контејнерски превоз и превоз со фериботи. carex_shipping Во времето на модерната технологија во целост можете да извршите извозно-увозна трансакција без да ја напуштате Вашата куќа. Постојат повеќе начини на кои што можете да купувате од САД: можете да купувате од приватен продавач, производител, дилер, осигурителна аукција (Copart, Salvage Direct, итн.), онлајн аукција (eBay), интернет листи (www.traderonline.com). Сите продавачи се натпреваруваат меѓусебе-значи не заборавајте да ги искористите Вашите најдобри преговарачки вештини, да добиете стока по цена што ви одговара. Исто така имајте на ум дека курсните разлики меѓу Американскиот долар и Вашата валута можат да го направат купувањето од САД уште попривлечно. Ако сакате да купите возило за рекреација, брод, комерцијален камион или било каква тешка опрема од САД - USA - International Shipping може да Ви помогне со организирањето на копнениот и океанскиот транспорт и да се погрижи за сите извозни документи и формалности. Единствено што Вие треба да направите е да се информирате кај Вашите локални власти за законите, прописите и увозните такси во Вашата земја. Ако Вашиот товар е лоциран на одредено растојание од било кое поголемо пристаниште, нашата компанија може да организира транспорт на истиот преку лиценцирани и осигурени камионски компании. Исто така имаме договор со најголемите поморски осигурителни компании што ќе го покријат осигурувањето по специјални цени. Утоварот во океанските контејнери или во отворени контејнери обично се извршува во за тоа специјализирани складишта. Имаме такви складишта во сите поголеми пристанишни градови во САД како што се: Лос Анѓелес, Сан Франциско, Портланд, Сиетл, Хјустон, Њу Орлеанс, Мајами, Џексонвил, Чарлстон, Савана, Норфолк, Балтимор, Њу Јорк, Бостон, Чикаго. Товарот што не влегува во контејнерите најчесто се транспортира со фериботи. Истите се направени со цел да го носат товарот со голем габарит. За фериботите може да се каже дека претставуваат големи паркинг гаражи со повеќе нивоа. На нив можат да се утоварат самоодни возила, разни приколки и статичен товар. Всушност целиот товар се наоѓа ВО фериботите и не е изложен на временските услови или водата. Carex Shipping има склучено договори со бројни фериботски оператори што нудат услуги во Европа, Медитеран, Африка, Среден Исток, Австралија и Нов Зеланд, Далекиот Исток, Централна и Јужна Америка. Можностите за користење на фериботи се донекаде ограничени и затоа Ве молиме да проверите кај нас дали тој вид на услуга е достапен во Вашата земја.